Утрински Весник
Македонија

Портокалова фаза до четврток, по што следи разладување

Портокалова фаза до четврток, по што следи разладување

Времето утре ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 23, а максималната од 34 до 42 степена. УВ=9.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде околу 19, а максималната ќе достигне 38 степени.

Продолжува периодот на стабилно и натпросечно топло време, но максималната температура од утре ќе биде во просек за 2 степенa пониска во однос на денешната. До четврток ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Во четврток попладне и во петок се очекува дестабилизација која ќе услови локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок температурата дополнително ќе се намали.

Можете да прочитате

Возач од Батинци „летал“ со 244 км/час на автопат

Акциска контрола на СВР Битола, казнети 80 мотоциклисти и 10 возачи на електрични тротинети

Мојсоска: Повеќе од една година лицата со хемофилија живеат во голгота поради недостиг на лекот ‘фактор 8’