Не постои подобро време да си италијански спортски фан – откако „аѕурите“ успеаја да ја освојат европската фудбалска круна, малкумина сметаа дека на Олимпијадата ќе се појават некои нови атлетски ѕвезди во боите на „триколорите“.
Но, неделата беше апсолутно неверојатна – неколку минути откако Џанмарко Тамбери го подели златото во скокот во височина со Катарецот Мутаз Еса Баршим, Ламонт Марсел Џејкобс стана неочекуван шампион на 100 метри со европски рекорд од 9.80.
Шампионите ги препознаваат шампионите, и први со честитки на социјалните мрежи се јавија италијанскиот селектор Роберто Манчини и капитенот на победничкиот тим од „Вембли“, Џорџо Кјелини.
„Вие сте историја, овие медали се неверојатни“, напиша Манчини со фотографија на Тамбери, кој го чекаше Џејкобс по крајот на трката на 100 метри за да прослават за едно.
„На пола пат од мит и историја. Честитки момци“, додаде Кјелини.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Најбрзиот човек на светот е Италијанец! Џејкобс е сензационалниот шампион на 100 метри
Лудо на олимпискиот стадион – Баршим и Тамбери го поделија златото во скок во височина
> Италијанското совршено спортско лето го зачинија Џејкобс и Тамбери <