Утрински Весник
Спорт

Словенците во драматична завршница подобри од Шпанија за прво место во групата

Словенците во драматична завршница подобри од Шпанија за прво место во групата

Во супер-интересен меч со голем број на пресврти, Словенија предводена од Лука Дончиќ стигна до 95:87 победа над Шпанија за да го освои првото место во групата Ц и да ги избегне носителите во првата нокаут рунда.

Двете репрезентации веќе имаа обезбедно место во четврт-финалето на олимпискиот турнир, и Шпанците беа сметани за фаворити, што го покажаа во третата четвртина кога со фантастична тројкашка низа направија предност од 12 поени (57:45).

Словенците не се предадоа и го внесоа мечот во драматична завршница, во која Словенците дојдоа во водство на две минути од крајот со 88:85.

Влатко Чанчар со 22 поени беше лидер на Словенците, Тоби додаде 14 поени и 14 скока, додека Дончиќ имаше 12 поени, 14 скока и 9 асистенции, откако од деветтата минута од мечот играше со три лични грешки. Кај Шпанците, Рики Рубио имаше 18 поени и 9 асистенции, додека Абалде додаде 14 поени.

> Словенците во драматична завршница подобри од Шпанија за прво место во групата <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0