Утрински Весник
Македонија

(Видео) Помош и нега во домот ќе добијат 60 стари лица од Берово

(Видео) Помош и нега во домот ќе добијат 60 стари лица од Берово

Во општина Берово 60 стари лица, со над 65 години, кои не се во можност самостојно да се грижат за себе ќе добијат помош и нега во домот. Дозволата за работа, Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, му ја додели на Домот за стари лица „Д-р Иван Влашки“.

Според Шахпаска со проектот на Министерството, старите и изнемоштени лица ќе добиваат помош за активностите кои тие секојдневно ги обавуваат во своето опкружување. На ваков начин, рече министерката оваа социјална реформа овозможува деинституционализација на гломазните централизирани установи за социјална заштита.

„Овие возрасни лица ќе ја користат услугата дури и во најоддалечените места во општината, мислам на Двориште, Русиново, Добришинци, Стојмирово, Мачево и Берово. 20-те негуватели кои се избрани и ја поминаа обуката ќе им помагаат на старите лица во домот, во хранење, облекување, набавка на лекови и прехранбени производи, прошетка во околината, мобилни апликации и се она што им е потребно во извршувањето на нивните секојдневни активности. Наше очекување како Министерство за труд и социјална политика е овие услуги кои ние ги купуваме во следните 12 месеци, преминат во ингеренции на локалната самоуправа. Затоа што суштината на социјалната реформа е децентрализација на социјалните услуги на локално ниво, за да се доближат до граѓаните“, рече Шахпаска.

Според градоначалникот на општина Берово Звонко Пекевски, со ваквата распределба за обврските на старите лица, токму најпотребните – социјални услуги за граѓаните, се спуштаат на локално ниво.

В.д. директорката на Домот за стари лица, Марија Цикарска, посочи дека поради вклучувањето на невладиниот и граѓанскиот сектор, физички лица и приватни правни субјекти, во давањето на услугите на корисниците се очекува подобрување на квалитетот на социјалните услуги.

Можете да прочитате

Почнува реконструкцијата на сaлaта „Расадник“

Премиерот Мицкоски очекува минимално зголемување на цената на струјата

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар