Првите носителки, Чехинките Барбора Крејчикова и Катерина Сиијакова се олимписки шампионки во двојки, откако со 7:5/6:1 ја совладаа швајцарската двојка Белинда Бенчич-Викторија Голубич.
Иако го имаа првиот брејк поен на мечот, Бенчич и Голубич по тесниот прв сет немаа сили против Синијакова и Крејчикова, кои поведоа со 3:0 во вториот сет на пат до лесна победа. Со ова тие ја продолжија неверојатната победничка сезона, во која триумфираа и на Австралија опен, Ролан Гарос и на Мастерсот во Рим.
Бенчич, пак, пропушти шанса да освои двоен златен медал, откако во финалето во сингл ја победи Чехинката Маркета Вондроушова.
„Дури и да ја прекинам кариерата сега, ќе бидам пресреќна. Благодарност до сите наши навивачи“, изјави Бенчич.
> Нема двојно злато за Бенчич – Крејчикова и Синијакова не се даваат <