Утрински Весник
Спорт

Рибакина не издржа – Свитолина со пресврт до третото место

Рибакина не издржа – Свитолина со пресврт до третото место

Украинката Елина Свитолина, сопруга на Гаел Монфис, го освои бронзениот медал на олимпискиот турнир во Токио. Свитолина во борбата за третото место ја победи Елена Рибакина од Казахстан со 1/6, 7/6, 6/4.

Дуелот за олимписката бронза траеше два часа и 28 минути, а го обележа неверојатниот кам-бек на Свитолина.

Четвртата носителка на олимпискиот турнир во првиот сет освои само еден гем, во вториот се соочи со брејк во раната фаза, но успеа да се врати и во тајбрејкот да израмни на 1:1.

Рибакина и во третиот сет во раната фаза направи брејк, поведе со 3:0 и тука застана. Свитолина го врати брејкот, потоа направи уште еден што и беше доволно за конечен триумф.

> Рибакина не издржа – Свитолина со пресврт до третото место <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0