Утрински Весник
Спорт

Ѓока повеќе не е тренер на Шкендија

Ѓока повеќе не е тренер на Шкендија

Ернест Ѓока повеќе не е тренер на македонскиот шампион Шкендија. Информацијата за разделбата со тренерот, Шкендија ја објави на клупската интернет страница.

Ѓока го плати цехот за дебаклот што го доживее Шкендија, од почетокот на сезоната на европската сцена.

Шкендија, со два порази од Мура, беше елиминирана во првото квалификациско коло, во Лигата на шампионите, а синоќа го заврши и настапот во квалификациите, за пласман во Лигата на Конференции. Шкендија доживеа два порази од Рига.

Клубот наредните денови ќе објави кој ќе ја предводи екипата во домашното првенство. Сезоната во Првата македонска фудбалска лига ќе започне на 8.август.

Фото/facebook.com/fcshkendija

> Ѓока повеќе не е тренер на Шкендија <

Можете да прочитате

Ограбена репрезентацијата на Англија во САД

САД стартуваа со убедлив триумф над Парагвај

БиХ ја издржа канадската офанзива и освои вреден бод