Утрински Весник
Македонија

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од два отсто од избирачи во одредена општина, за независни кандидати да можат да бидат учесници на локалните избори.

Пендаровски смета дека не е логично претседател и советници во Град Скопје да се кандидираат со ист број на потписи на избори. Отстапка би направил, само ако за ова прашање има широк консензус, кој засега го нема.

Дополнителна причина за непотпишување е што се носи непосредно пред распишување на избори.

„Не може два дена пред распишување на избори да се носат измените. Нема логика бидејќи за кандидирање на претседател на државата се потребни 10.000 потписи, а толку да треба и за кандидирање советници во Град Скопје“, рече Пендаровски на брифингот со новинарите.

Претседателот потсети и дека препораката на ОБСЕ е да се воведе праг за кандидирање за независни листи, но тој да биде до 1 процент. Тој смета дека не би имал аргумент да не го потпише указот, само ако има општа согласност за измените.

Можете да прочитате

Потпишан договор за колокација на информатичко-комуникациска опрема на Народната банка во податочниот центар на МВР во Прилеп

Левица: Пратениците на премиерот енергетичар го одбија амандманот на Левица за Чебрен да влезе во Буџетот

Реакција на СДСМ по повод заканата за губење на статусот на Охрид како светско природно и културно наследство под заштита на УНЕСКО