Утрински Весник
Економија

Нова инвестиција во ТИРЗ – постигнат договор со турската компанија „Текнопанел“

Нова инвестиција во ТИРЗ – постигнат договор со турската компанија „Текнопанел“

Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје. Одлуката за инвестиција е постигната на средбата во Истанбул на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, и менаџментот на компанијата.

Според инвестицискиот план и финансиски проекции,„Текнопанел“ ќе отвори 120 нови работни места, со очекуван вкупен извоз од над 150 милиони евра во следните 10 години.

„Само како обврска за придонеси за плати, буџетот на државата ќе оствари над 5 милиони евра приходи, а обврските за данок на добивка и персонален данок на плати надминуваат 2,5 милиони евра. Според новиот концепт на привлекување инвестиции во ТИРЗ секој потенцијален инвеститор задолжително доставува 10 годишен инвестициски план врз база на кој се проценува капацитетот на компанијата и инвестицијата, и се подготвува индивидуализиран пакет за учество на државата во инвестицијата“, велат од ТИРЗ.

Од таму наведуваат дека компанијата е еден од најголемите извозници во Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со четири фабрики во Турција. Северна Македонија е првата инвестициска дестинација за оваа компанија вон матичниот пазар.

Можете да прочитате

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата