Утрински Весник
Македонија

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници

СДСМ објави уште пет имиња на кандидати за градоначалнци за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври. Партијата ги утврди кандидатите за општините Гази Баба, Берово, Могила, Неготино и Ранковце.

„Вечерва Извршниот одбор дефинираше уште пет кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ. Ова се кандидатите кои според сите истражувања, анализи и испитувања на јавното мислење се најдобрата понуда за општините Берово, Гази Баба, Неготино, Могила и Ранковце: Ѕвонко Пекевски – Берово, Борис Георгиевски – Гази Баба, Јасмина Гулевска – Могила, Тони Делков – Неготино и Даниел Крстевски – Ранковце“, објави доцна синоќа претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој додава дека процесот на консултации и на селекција продолжува и натаму и дека до крајот на август ќе бидат дефинирани сите кандидати за градоначалници во општините во кои со свој кандидат ќе настапи СДСМ.

Претходно СДСМ објави триесетина кандидати за градоначалници од кои повеќето се веќе актуелните.

Можете да прочитате

Судскиот совет со 10 гласа „ЗА“ ја исклучија јавноста од седницата

Меџити: Помеѓу Груевски и Заев повторно би го бирал Заев, храбар лидер

На полноќ Судскиот совет ќе одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев