Утрински Весник
Магазин

Мет Дејмон сака да го направи „Оушнс 14“

Мет Дејмон сака да го направи „Оушнс 14“

Мет Дејмон го глумеше Линус Колдвел во трилогијата на Стивен Содерберг за големиот грабеж и откри дека е подготвен да ја репризира улогата доколку франшизата заживее.

Говорејќи во емисија на SiriusXM, Мет рече: „Тоа беше мојата постојана позиција откако го завршивме Ocean’s 13 . Од денот кога го завршивме подготвен сум да работам на Ocean’s 14.“

50-годишниот оскаровец нагласи дека филмот ќе треба да им укаже почит на двајцата актери од тимот Берни Мек и Карл Рајнер кои починаа откако беше објавен „Оушнс Тринаесет“ во 2007 година.

„Сме дискутирале како ќе изгледа, знаете, загубивме двајца членови на нашата банда, Берни (Мек) и Карл (Рајнер) и како би изгледал тој потег,“ додаде тој.

Можете да прочитате

Викенд што долго ќе се прераскажува: Повеќе од 60 жени беа дел од настанот „dm bring your best friend” во Маврово

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски

Награда од 13.000 евра за победникот на натпревар во спиење во Јапонија