Утрински Весник
Спорт

Хрватско финале во машки двојки – Чилиќ и Додиг против Павиќ и Мектиќ

Хрватско финале во машки двојки – Чилиќ и Додиг против Павиќ и Мектиќ
Dik 300x250 mk

Хрватска обезбеди злато и сребро на тенискиот турнир во Токио, во машки двојки. Пласман во финлето обезбедија Марин Чилиќ и Иван Додог, односно Мате Павиќ и Никола Мектиќ.

Трет пат во историјата, а прв пат по 113 години, финале на олимпискиот турнир ќе играат двојки од иста држава. Во Сент Луис, во 1904 година на турнирот учествуваа само американски тенисери, додека во 1908 година во Лондон, доминираа Британците.

Чилиќ и Додиг, во првото полу-финале, за нешто повеќе од еден час игра, убедливо ги поразија Даниел и Венус од Нов Зеланд со 6/2, 6/2.

За златото тие ќе се борат со сонародниците Мектиќ и Павиќ.

Победниците на Вимблдон, против американската комбинација Крајчек/Сандгрен, на теренот минаа 81 минута и славеа со 6/4, 6/4.

Финалето во машки двојки ќе се одигра утре.

> Хрватско финале во машки двојки – Чилиќ и Додиг против Павиќ и Мектиќ <

Можете да прочитате

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс

Победа со забрана за присуство на публика на четири домашни натпревари

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“