Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло време со температура до 41 степен

Сончево и многу топло време со температура до 41 степен

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната од 34 до 41 степен, јави УХМР.

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Минималната температура ќе биде 22, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. На места по должината на Повардарието температурата ќе го надминува 40-тиот степен. В понеделник ќе дува засилен ветер од западен, а попладне од северен правец, кој ќе предизвика благо опаѓање на температурите во северните делови, а во јужните ќе се задржат високите температурите.

Можете да прочитате

Потрага по исчезнато лице крај Вардар во Гостиварско

СДСМ со реакција по одлуката на Уставниот суд за Резолуцијата за миграцијата

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата