Утрински Весник
Свет

Столтенберг со уверување до Авганистан: НАТО продолжува да ве поддржува

Столтенберг со уверување до Авганистан: НАТО продолжува да ве поддржува

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес потврди дека разговарал со авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

Причината за разговорот е тоа што Столтенберг сака да го увери Авганистан дека НАТО планира да продолжи со пружање поддршка на таа земја во која припадниците на талибанското движење во моментов вршат притисок врз владата во Кабул, која е поддржана и од САД, пренесуваат регионалните медиуми.

“Добро е да разговараме со претседателот Ашраф Гани денес. Безбедносната состојба во Авганистан е сè уште многу предизвикувачка и бара договор преку преговори”, напиша Столтенберг на својот Твитер профил.

Тој потврди дека НАТО ќе продолжи да го поддржува Авганистан преку финансирање, цивилно присуство и обука во странство.

Можете да прочитате

Борците на ПКК почнаа со церемонијално предавање на оружјето во Ирак

Лавров: Русија ја повтори својата позиција за Украина во разговорот со Рубио

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија