Утрински Весник
Свет

Возачот на косовскиот автобус во кој загинаа 10 лица се бранел со молчење

Возачот на косовскиот автобус во кој загинаа 10 лица се бранел со молчење

Возачот на косовскиот автобус, во кој во неделата загинаа 10 патници, а повеќе од 40 беа повредени, се бранеше денеска со молчење за време на испрашувањето во окружното државно обвинителство во Славонски Брод.

“Го испрашував пријавениот кој се бранеше со молчење. По ова, ќе се донесе одлука за спроведување истрага поради основано сомнение за сторено кривично дело. Ќе биде предложен и истражен затвор, за кој ќе се одлучува на утрешното рочиште закажано за  9 часот “, изјави Фрањо Копунич, претставник од обвинителството.

Тој потврди дека на возачот му е доделен адвокат по службена должност.

По сослушувањето, возачот е вратен во притвор. Според поднесената кривична пријава, возачот на автобусот се соочува со затворска казна од шест месеци до 15 години.

Можете да прочитате

Теории на заговор: Секој втор постар Русин верува во тајна светска влада

ОН: Заштитниот штит во Чернобил повеќе не ја задржува радијацијата

Турција: Продолжен притворот на Имамоглу и на 104 лица обвинети за корупција