Утрински Весник
Магазин

Двејн Џонсон најави дека нема да се врати во „Брзи и бесни“ 10 и 11

Двејн Џонсон најави дека нема да се врати во „Брзи и бесни“ 10 и 11
Dik 300x250 mk

Расправијата помеѓу Двејн Џонсон и Вин Дизел можеби заврши, но тоа не значи дека првиот ќе се приклучи на семејството „Брзи и бесни“ за последните две возења.

Во новото интервју за SlashFilm, актерот потврди дека нема да глуми во последните две продолженија.

Изјавата доаѓа како реакција на неодамнешните коментари на Дизел, во кои тој сугерира дека неговиот метод на „силна љубов“ кон Џонсон всушност бил замислен како охрабрување да му помогне да постигне подобри перформанси.

Одговарајќи на ваквиот коментар, Џонсон рече дека силно се смеел кога го слушнал тоа, пред да ја најави неговата одлука за пензионирање од франшизата.

„Силно се смеев,“ рече Двејн. „Мислам дека сите се смееја. И нека остане на тоа. Им посакав добро. Им посакав добро на Брзи 9. Им посакувам многу среќа на Брзи 10 и Брзи 11 и остатокот од филмовите ‘Брзи и бесни’ што ќе ги прават без мене.“

Можете да прочитате

Ова е најомразениот знак во хороскопот – и тоа поради неколку особини

Два чаја кои e најдобро да се пијат наутро за детоксикација и полесно слабеење

Премногу витамини можат да убијат: Лекарите предупредуваат дека тие го оштетуваат срцето и црниот дроб