Утрински Весник
Македонија

Двајца мотоциклисти се здобија со тешки повреди во сообраќајни незгоди во Битола

Двајца мотоциклисти се здобија со тешки повреди во сообраќајни незгоди во Битола

Двајца мотоциклисти во текот на вчерашниот ден завршиле во болница по сообраќајни незгоди.

Како што информираат од МВР, во првиот случај повреден е 19-годишник од Битола, а несреќата се случила на Булеварот Први Мај.

„Г.К.(19) од Битола, управувајќи мотоцикл „јијинг“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот“, информираат од МВР.

Со тешки повреди се здобил и 51-годишниот Ј.Л. од Охрид кој изгубил контрола синоќа на патот Битола- Прилеп, кај тунелот во Битола.

Кај двајцата мотоциклисти, биле констатирани тешки телесни повреди во Клиничката болница Битола.

Извршен е увид на двете локации.

Можете да прочитате

Муцунски: Европскиот пат мора да биде предвидлив, достоинствен и заснован на европски критериуми

ВЛЕН: ДУИ го користеше Охридскиот договор како личен банкомат

ЛДП: Додека се шири западнонилската треска, институциите молчат – кој ќе одговара?