Утрински Весник
Македонија

Нашиот одговорен пристап ја трансформираше полицијата во заштитник на граѓаните, велат од СДСМ

Нашиот одговорен пристап ја трансформираше полицијата во заштитник на граѓаните, велат од СДСМ

Инвестициите во МВР резултираат со значителен пад на криминалот и корупцијата и поголема мотивираност на полицијата, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз утрово преку соопштение.

Оттука наведуваат дека нивниот одговорен и транспарентен пристап ја трансформирал полицијата во вистински заштитник на граѓаните.

„Во континуитет инвестираме во подобрување на условите за работа, што придонесува денес да имаме високо мотивирана полиција која ефикасно и неселективно се справува со секој вид на криминал. За овие четири години реконструирани се 58 објекти на Министерството за внатрешни работи, а изградени и во фаза на градба се неколку објекти за потребите на МВР. Континуирано се вложува и во набавка на нова опрема. Само во овој период набавени се 8.000 чевли, нови униформи за единицата за брзо распоредување и интервентната полиција, набавени се 40 нови дрегери, како и нови радарски системи“, велат од СДСМ.

Додаваат дека сите овие инвестиции придонесуваат за поефикасна работа на полицијата и намалување на стапката на криминалот.

Во првото полугодие од оваа година забележан е пад на криминалот за 10,8 отсто споредено со истиот период лани.

Овој ефикасен пристап, додава СДСМ,  резултира со постојан раст на довербата на граѓаните кон полицијата која денес е вистински чувар на законите и правниот поредок.

Можете да прочитате

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран

Давкова се обрати на годишниот настан на КСЗД „Разговори за еднаквост” на тема „Право на домување на Ромите”

Активни се 11 пожари, од нив само еден е под контрола, информира ЦУК