Утрински Весник
Македонија

Од над 330.000 вакцинирани македонски граѓани, со Ковид се заразиле 96

Од над 330.000 вакцинирани македонски граѓани, со Ковид се заразиле 96

Од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини 96 биле позитивни на Ковид-19 по примена втора доза вакцина.

Тоа значи дека само 0,02 проценти се заразиле со Ковид, што укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат, велат од Министерството за здравство.

Од 96 те позитивни, 56 се заразиле во период помал од 21 ден од примената втора доза вакцина.Само 13 од заразените со Ковид биле хоспитализирани. Двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни иако еден од нив е со тешко хронично заболување.

Нема ниту еден починат пациент со Ковид, а кој има примено две дози вакцина.

Можете да прочитате

Загина возач на магистралниот пат Струмица-Радовиш, со товарно возило излетал од патот

СДСМ: Двајца Мицкоски. Едниот рудар. Другиот протестант. Едниот на власт. Другиот во опозиција. Истиот лажго

Отворена истрага против три лица за тероризам и трговија со оружје