Утрински Весник
Свет

На повидок коалиција помеѓу бугарските социјалисти и Трифонов: „Двете партии имаат повеќе заеднички интереси, отколку разлики“

На повидок коалиција помеѓу бугарските социјалисти и Трифонов: „Двете партии имаат повеќе заеднички интереси, отколку разлики“

Лидерката на бугарските социјалисти, Корнелија Нинова, по разговорите со партијата „Има таков народ“, која победи на парламентарните избори во Бугарија, оцени дека средбата е добар чекор за изнаоѓање договор за формирање влада.

Истакна дека биле отворени теми за коишто се согласуваат, но има и точки за кои постојат разлики. Сепак, како што посочи Нинова, двете партии имаат повеќе заеднички интереси, отколку разлики.

„Остануваме на нашите позиции против концесиите, имаме разлики во повторната пресметка на пензиите и поточно кога тоа треба да се случи. Ние инсистираме тоа да се случи веднаш, а ставот на колегите од ИТН е дека треба да се случи следната година со новиот буџет“, рече Нинова.

Таа додаде дека БСП и ИТН имаат многу сличности во нивните гледишта околу судските реформи.

„Ние се согласуваме дека сериозната реформа во судството бара промена на Уставот и многу време – трансфер на обвинителството во извршната власт, друга структура на ДСК“, објасни таа. БСП, исто така, побарала нов закон за конфискација на нелегално стекнат имот.

Двете формации се согласија да испратат експертски групи за детално да продолжат со дискусиите за индивидуалните политики.

Лидерката на БСП рече и дека има три теми за кои треба да се разговара, вклучително и за Република Северна Македонија и за Истанбулската конвенција, но разговорите продолжуваат.

Можете да прочитате

Турски министер снимен како вози со 225км/час и слуша фолк – го стигна казна (ВИДЕО)

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната

Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон