Утрински Весник
Спорт

Американките го декласира Нов Зеланд

Американките го декласира Нов Зеланд

Шест натпревари се одиграа денес на женскиот дел од олимпискиот турнир. Најубедливата победа ја забележа САД, осум гола имаше на мечот Кина-Замбија, два помалку во дербито помеѓу Холандија и Бразил.

Американките во првото коло непланирано загубија од Шведска (0:2), што за нив беше прв пораз по 44 натпревари. Тој пораз беше прв во кариерата за Влатко Андоновски како селектор на САД.

Во втората рунда Американките го декласираа Нов Зеланд со 6:1.

Лавел и Холанд постигнаа по еден гол во првото полувреме за комотна предност на САД од 2:0. Во вториот дел Ерцегова постигна авто-гол, а потоа Хасетова го постигна почесниот гол за Нов Зеланд.

Во последните 12 минути Американките испорачаа уште четири гола во мрежата на Нов Зеланд.

Резултати:

Јапонија-Велика Британија 0:1
Кина-Замбија 4:4
Холандија-Бразил 3:3
Чиле-Канада 1:2
Шведска-Австралија 4:2

> Американките го декласира Нов Зеланд <

Можете да прочитате

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење