Утрински Весник
Политички Партии

Алијанса за Албанците: САД ги потврди нашите проценки за корупција

Алијанса за Албанците: САД ги потврди нашите проценки за корупција

Американскиот Стејт департмент го потврди она коешто ние цело време амармираме – за високото ниво на криминал и корупција, во кое директно се вклучени владини претставници и раководители на институции во земјата, велат од Алијансата за Албанците преку соопштение.

Во изврештајот е наведено дека „има бројни извештаи дека некои функционери сè уште се вклучени во коруптивни активности“.

„Во извештајот понатаму се наведува дека Северна Македонија има донесено антикорупциски закони, но тие не се спроведуваат. Извештајот ја пофалува работата на Државната комисија за спречување корупција, но ги истакнува проблемите во централните институции и судството како причина за неуспех во оваа битка. Овие се оценуваат во извештајот како главна пречка за инвестициската клима во Северна Македонија“, велат од Алијанса.

Алијанса за Албанците го оценува како несериозно и неодговорно однесувањето на Владата. Од партијата на Зијадин Села порачаа дека ваквите аларми власта ги третира со небрежност, додека најсериозните последици ги сносат граѓаните кои ја напуштаат државата секој ден, за да бегаат од недостаток на перспектива и корупција на институциите кои се фатени од сегашната власт.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт