Утрински Весник
Македонија

Димитров: Влогот е огромен, ЕУ да нѐ третира со достоинството што го заслужуваме

Димитров: Влогот е огромен, ЕУ да нѐ третира со достоинството што го заслужуваме

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска, на вториот ден од неформалниот состанок на министри за европски прашања, се обрати на пленарната сесија во Брдо, Словенија, насловена „Кон поголема отпорност на Европската Унија по Ковид-19 кризата“.

Главниот фокус на дискусијата беше ставен на зајакнување на капацитетите на Унијата за справување и опоравување од Ковид-19 кризата, при што вицепремиерот Димитров ја потенцираше важноста на развивањето заеднички координиран пристап на ЕУ и Западниот Балкан за справување со споделените предизвици како можности за поголема интеграција.

„Вирусот не познава граници и не знае дали земјите се членки или кандидати за членство. Затоа нашиот регион, опкружен со ЕУ земји, мора заедно со ЕУ да се справува со заедничките кризи, како што е пандемијата“, рече Димитров.

Во тој контекст, Димитров посочи дека Западниот Балкан е вклучен во повеќето механизми на ЕУ за справување со здравствената криза, но и социо-економско опоравување.

„Зборот криза значи одлучувачки момент. Токму за проширувањето, во рамки на словенечкото претседателство ни престои таков одлучувачки момент во смисла на потребата од заживување на европскиот сон во Западниот Балкан. Успехот ќе биде заеднички. Неуспехот ќе биде заеднички. Случајот на Северна Македонија е сериозен тест за европската перспектива на регионот и за постулатите на Унијата како заедница на вредности, што ја слави јазичната и културната различност на континентот. Влогот е огромен, и повикувам како земја и народ да бидеме третирани со достоинството што го заслужуваме и да бидат применети критериумите за пристапување кон Унијата како и европските вредности.”

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа