Утрински Весник
Македонија

Кривична против млад скопски разбојник кој за осум часа обил 15 такси возила

Скопската полиција поднесе кривична пријава против 21-годишниот Р.М. од Скопје, поради сомнение за сторени 15 кривични дела, од кои 11 дела тешка кражба и четири дела тешка кражба во обид, сите во такси возила во главниот град.

Како што информираат од МВР, во периодот од 22 часот на 14 март до 6 часот на 15 март годинава, 21-годишникот извршил 11 кривични дела тешка кражба од такси возила и четири кривични дела тешка кражба во обид од вакви автомобили, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 22.800 денари и причинил материјална штета од околу 76.500 денари.

Од МВР посочуваат дека веднаш по настаните биле преземени мерки и за разбојникот била распишана потерница, а на 8 мај годинава тој бил лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, по што бил спроведен во полициска станица каде што ги признал делата и го појаснил начинот на извршување.

Можете да прочитате

На Клиниката за ортопедија успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти

Возило удрило во жителка на кавадаречко Марена, прегазената е со тешки телесни повреди

ЦУК со вонредно соопштение за обилните врнежи