Утрински Весник
Свет

(Видео) Протести против вакцинацијата во Грција, полицијата употреби солзавец и водени топови

(Видео) Протести против вакцинацијата во Грција, полицијата употреби солзавец и водени топови

Грчката полиција употреби солзавец и водени топови во Атина за да ја растера толпата што протестираше против вакцинацијата против коронавирусот.

Околу 1.500 луѓе учествуваа вчера на протест пред парламентот против планот на Грција за вакцинација против Ковид – 19. Протестот минатата среда привлече повеќе од 5.000 луѓе, јавија локалните медиуми.

Протестите беа поттикнати од владината одлука за задолжителна вакцинација на здравствените работници и вработените во старечки домови. Владата предложи на есен да се вакцинираат и други групи, како што се наставниците.

Бројот на заразени лица во Грција расте во последните неколку недели. Вчера властите забележаа скоро 3.000 нови случаи, со што вкупниот број на заразени лица се искачи на 463.473 од почетокот на пандемијата. Повеќе од 12.800 луѓе починаа.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен