Утрински Весник
Свет

Талибанците немаат волја за мир, тврди авганистанскиот претседател Гани

Талибанците немаат волја за мир, тврди авганистанскиот претседател Гани
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ги прекори на Талибанците тврдејќи дека тие не сакаат да постигнат мировен договор со владата со кој би се се запрела постојаната ескалација на насилството во Авганистан, пренесува „Спутник“

Гани се осврна на Абдула Абдулах, претседател на Високиот совет за национално помирување на Авганистан, кој му кажал на авганистанскиот претседател дека Талибанците не сакаат мир.

„Ја испративме делегацијата да постави ултиматум и да покажеме дека имаме волја за мир и подготвени сме да се жртвуваме за тоа, но Талибанците немаат волја за мир и треба да донесуваме одлуки врз основа на тоа“ рече Гани, кој се обидува да издејствува итен и практичен план во обид да се реши тековната блокада.

Тој се пожали дека и покрај тоа што владата ослободила 5.000 талибански затвореници во согласност со мировниот договор од минатата година, милитантната група досега не била подготвена за разумни разговори.

Но според Сухаил Шахин, портпарол на талибанската политичка канцеларија во Доха, Талибанците  сакаат мирно решение и формирање авганистанска инклузивна исламска влада.

Неговата изјава ја потврди и највисокиот лидер на Талибанците, Хибатула Ахунџада, кој истакна дека се залага за политичко решение на конфликтот во Авганистан.

Можете да прочитате

ЕУ ќе мора амбициозно да работи на проширувањето во 2026, ако сака прием на нови членки според планираното

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи

Јапонија планира рекорден буџет за одбрана во услови на големи тензии со Кина