Утрински Весник
Македонија

Обвинение за тренерот по џудо во Прилеп за силување деца

Обвинение за тренерот по џудо во Прилеп за силување деца

Прилепското обвинителство поднесе обвинение за тренерот по џудо од Прилеп за силување деца, односно негови ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување.

46-годишникот е обвинет за обљуба со злоупотреба на положбата.

„Обвинетитот како тренер по џудо, од февруари до декември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба ивршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – четири ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување“, соопшти Обвинителството.

Заедно со обвинението до Судот е доставен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.​

Монструозниот случај беше обелоденет во јануари годинава. Малолетничките пријавиле во полиција дека нивниот тренер сексуално ги злоставувал по што беше отворена истрага.

Можете да прочитате

Демократијата започнува со начинот на кој разговараме

Нема докази за шпионажа во Кабинетот на претседателката – Обвинителството ја заврши постапката

Николоски: Македонските превозници се жртви на бавната европска бирократија