Утрински Весник
Спорт

„Гризман? Пријатели сме, на Атлетико му треба напаѓач“

„Гризман? Пријатели сме, на Атлетико му треба напаѓач“

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, во опширно интервју за „Марка“, одговорил и на прашањето дали Антоан Гризман му е потребен на неговиот тим. Гризман, во 2019 година, токму од Атлетико за 120 милиони евра се пресели во Барселона.

„Со него имам пријателски однос, кој ги надминува спортските граници. Нашите деца заедно си играат. Поради се она што му даде на Атлетико сакам да успее во Барселона. Тој е феноменален играч, би сакал да игра како што играше за нас пет години или како што играше на европските и светските првенства. Му посакувам успеси со Барселона“, рекол Симеоне и дополнил.

„Постојат позиции во тимот на кои треба да се засилиме. Потребен ни е напаѓач. Доколку не дојде Гризман, ќе дојде друг играч. Клубот ќе реши која варијанта е финансиски добра“.

> „Гризман? Пријатели сме, на Атлетико му треба напаѓач“ <

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026