Утрински Весник
Свет

Денес најмногу починати од Ковид-19 во Велика Британија, причината се укинатите мерки, велат експертите

Денес најмногу починати од Ковид-19 во Велика Британија, причината се укинатите мерки, велат експертите

Во Велика Британија денес има најмногу смртни случаи од Ковид-19 во последните четири месеци, известуваат медиумите во таа земја.

Вчера беа укинати мерките воведени за контрола на заразата од коронавирус, и покрај предупредувањата од нови бранови на пандемијата.

Бројот на новозаразени започна нагло да се зголемува како резултат на ширењето на делта-сојот и олеснувањето на санитарните мерки, анализираат експертите.

Британската влада денес објави дека 96 лица починале за еден ден, најмногу од 24 март, а биле регистрирани 46.558 новозаболени лица.

Во Велика Британија од почетокот на пандемијата, што е седма најголема бројка во светот, починале 128.823 лица од Ковид-19.

Можете да прочитате

Уапсен е осомничениот за убиството на Кирк, објави Трамп

Сијарто: ЕУ мора да ги прекине двојните стандарди кон Унгарија

Упадот на беспилотни летала во Полска би можел да биде грешка, смета Трамп