Утрински Весник
Свет

„Амазон“ ја затвори инфраструктурата поврзана со израелската фирма „НСО“

„Амазон“ ја затвори инфраструктурата  поврзана со израелската фирма „НСО“

Клауд- сервисот на „Амазон“, “Амазон веб сервисес“, ги затвори инфраструктурата и сметките поврзани со израелскиот продавач за надзорна опрема „НСО груп“, објави американската медиумска група „Вајс“, пренесува  Ројтерс.

Шпионскиот софтвер на „НСО груп“ бил користен во обиди и во успешни хакирања на 37 паметни телефони на новинари, владини службеници и активисти за човекови права во светот, покажува истрагата на 17 медиумски организации објавена во неделата.

„НСО“ го негираше извештајот и рече дека неговиот производ е наменет само за борба против тероризмот и криминалот од  страна на владини разузнавачки служби и на агенции  за спроведување на законот.

„Кога дознавме за оваа активност, дејствувавме брзо за да ги затвориме соодветната инфраструктура и сметки“, рече портпаролот на „Амазон“ без да разјасни дали сметките се директно поврзани со групацијата „НСО“.

Можете да прочитате

Тајлер Робинсонe осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Уапсен е осомничениот за убиството на Кирк, објави Трамп

Сијарто: ЕУ мора да ги прекине двојните стандарди кон Унгарија