Утрински Весник
Спорт

Јапонската полиција го уапси олимпиецот од Уганда – му следува депортација

Јапонската полиција го уапси олимпиецот од Уганда – му следува депортација

Џулиус Секитолеко, кревач на тегови од Уганда отпатува во Јапонија со желба не да настапи на ОИ, туку да остане таму да работи и живее, да избега од сиромаштијата во неговата земја.

Пред неколку дена почна потрагата по него откако исчезна од хотелот во кој бил сместен заедно со олимпискиот тим на Уганда во кревање тегови. Во пораката што ја имаше оставено, побарал сите негови работи да и ги предадат на сопругата, а тој има намера да живее во „земјата на изгрејсонцето“.

Веднаш по неговото бегство од местото Узумисано во префектурата Осака полицијата следејќи ги снимките од камерите низ градот го лоцирала бегалецот. Во понеделникот тој бил виден на железничката станица во Нагоја, а ден подоцна на 40 километри подалеку, во градчето Јокаичи, префектура Аичи. Таму бил уапсен.

Подоцна е дознаено дека Секитолеко таму имал врска која требало да му помогне затоа што таму живеече над 150 државјани на Уганда. При апсењето тој со себе имал само мобилен телефон.

Сега му следува депортација во татковината.

View this post on Instagram

A post shared by Ssekitoleko Julius (@juliusssekitoleko)

View this post on Instagram

A post shared by Ssekitoleko Julius (@juliusssekitoleko)

> Јапонската полиција го уапси олимпиецот од Уганда – му следува депортација <

Можете да прочитате

Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа

Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ