Утрински Весник
Свет

Руски експерт: Делта варијантата со пониска смртност од другите мутации на Ковид-19

Руски експерт: Делта варијантата со пониска смртност од другите мутации на Ковид-19

Делта варијантата на Ковид-19 се покажува како помалку смртоносна од другите мутации на вирусот, вели Александар Горелов, заменик-директор на Централниот истражувачки епидемиолошки институт и дописен член на Руската академија на науките.

„Не е во ред да се зборува за зголемен број жртви зашто сегашната состојба е кардинално различна од пролетта 2020 година кога „баравме во темница“. Сега и кај најсериозните случаи смртноста е јасно пониска ако ја споредиме со тој период,“ рече Горелов во интервју за руски телевизиски канал.

Тој исто така истакна дека заразувањето со Ковид-19 „се подмладило“, па повеќето од пациентите се на возраст од 14 до 29 години.

Според најновите статистички податоци, заразени со Ковид-19 се околу 191 милиони луѓе, а пријавени се повеќе од 4 милиони смртни случаи.

Во Русија до денес, се потврдени 6.006.536 случаи на заразени со 5.382.213 пациенти кои закрепнале од болеста. Најновите податоци покажуваат 149.922 смртни случаи на национално ниво.

Можете да прочитате

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен