Утрински Весник
Магазин

Канје Вест не кажува ништо негативно за поранешната сопруга во новата песна

Канје Вест не кажува ништо негативно за поранешната сопруга во новата песна

Според „Дејли мејл“, медиумските написи кои сугерираат дека Канjе Вест дава омаловажувачки коментари на сметка на поранешната сопруга Ким Кардашијан во неговиот десетти албум, Donda, не се точни.

Извор близок до раперот изјави за весникот дека Канје не кажува ништо негативно за Ким и покрај претходните тврдења од некои медиуми дека нивниот брачен дом, наводно, го споредил со живот во затвор.

Ова доаѓа среде новинска статија дека 44-годишниот рапер се расплакал на сцена на забава за слушање на неговиот албум во Лас Вегас минатиот викенд, кога пуштил песна со навредливи примедби за неговиот брак со реалити-ѕвездата.

Весникот „Сан“ во понеделникот објави дека неговата нова песна Welcome to my Life („Добредојдовте во мојот живот“) вклучува текстови за неговиот проблематичен личен живот, моменталниот развод со Ким, неговите испади на Твитер и неуспешната кандидатура за претседател.

Можете да прочитате

Колку често треба да имате секс за среќна врска? Експерт открива „златна средина“

Неврохирург открива на што родителите мора да внимаваат за здрав мозок кај децата

Стјуардесите открија едно нешто што посакуваат патниците да престанат да го прават во авионите