Утрински Весник
Магазин

Ед Ширан ќе одржи бесплатен концерт во Ковентри

Ед Ширан ќе одржи бесплатен концерт во Ковентри

Поп-sвездата Ед Ширан ќе изведе бесплатен концерт во Ковентри на 25 август, објавија британски медиуми.

Ширан ќе настапи пред 700 фанови, на возраст над 16 години, за да го одбележи големото отворање на HMV Empire на улицата Хертфорд.

Концертот е исто така дел од прославата за стогодишнината на компанијата со билети што ќе се издаваат бесплатно на сајтот на „ХМВ“ со извлекување.

„HMV е продавница во која поминав многу време додека растев и место каде открив многу нова музика, па со нетрпение очекувам со нив да ја прославам оваа пресвртница,“ изјави Ширан.

Можете да прочитате

Мали, но моќни: Зошто е добро секој ден да изедете неколку маслинки

До кога бебето треба да спие со родителите? Експертите имаат јасна препорака

Хорор филмовите се добри за вашето здравје