Утрински Весник
Спорт

Барса го сака Ромањоли на „Ноу Камп“ – ги нуди Пјаниќ и Кутињо

Барса го сака Ромањоли на „Ноу Камп“ – ги нуди Пјаниќ и Кутињо
Dik 300x250 mk

Каталонски „Diario Sport“ денеска пренесува информација дека Барселона е силно заинтересирана на „Ноу Камп“ да го доведе стоперот на Милан, повремениот италијански репрезентативец – Алесио Ромањоли(26).

Поради финансиската криза во која се наоѓа каталонскиот клуб, се споменува размена. Миралем Пјаниќ и Фелипе Кутињо би отишле на „Сан Сиро“ за Ромањоли да заигра во тимот предводен од Роналд Куман.

Засега само еден детал спречува ваков развој на настаните – еден од двајцата играчи на Барса ќе мора да се согласи на намалување на платата.

Договорот на Ромањоли со „Росонерите“ истекува следната година, а наводно тој нема да се согласи на продолжување.
Од друга страна, Кутињо и Пјаниќ веќе одамна не се во плановите на Куман.

Ромањоли би дошол во Каталонија како замена на ветеранот Жерар Пике.

> Барса го сака Ромањоли на „Ноу Камп“ – ги нуди Пјаниќ и Кутињо <

Можете да прочитате

Одбојкарите на Струмица елиминирани во Лигата на шампиони

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина

НБА може да ја промени политиката за обложување по апсењата на Розиер и Билапс