Македонските претставници во Конференциската лига на УЕФА, Шкендија и Шкупи, ги дознаа имињата на противниците во третото квалификациско коло.
Шкендија не успеа во квалификациите за Лигата на шампионите, па европскиот пат го продолжува во Конференциската лига. Во второто коло Шкендија ќе игра против Рига. Доколку го мине претставникот на Летонија, македонскиот шампион во третата рунда ќе игра против Фолгоре од Сан Марино или Хибернијанс од Малта.
Фудбалерите на Шкупи во втората рунда ќе играат против Санта Клара од Португалија. Ако успеат да го елиминираат португалскиот тим, во третото коло ќе играат против Олимпија од Љубљана или Биркиркара од Малта.
> Шкендија и Шкупи ги добија потенцијалните ривали во третата рунда <