Пратеничката на СДСМ Даниела Николова истакна дека навремените и ефикасни економски политики на Владата предводена од СДСМ придонесоа македонската економија денеска да е на стабилни основи, да биде развојна, динамична и конкурентна. Доказ за тоа, како што рече Николова е економската активност во Технолошко развојните индустриски зони, која во вториот квартал од оваа година е на највисоко ниво во последните четири години.
„Но покрај зголемениот извоз и увоз сведочиме и на рекордно прво полугодие во Технолошко развојните зони. Во процедура на формално одобрување во ТИРЗ влегоа два нови договори, за компанијата „Дура“ која ја проширува инвестицијата во трета фаза и „Витек“ која инвестира во втора фаза. Вкупниот обем на овие две инвестиции е 40 милиони евра со што заклучно со нив во првите шест месеци имаме склучени договори во вкупен износ 105 милиони евра. Овие инвестиции отвораат 1.850 нови работни места, над 2 милијарди приходи, а во државата меѓу другото да уплатат над 70 милиони евра за придонеси и данок на добивка“, додаде Николова.
Пратеничката од СДСМ најави дека во овој период се водат преговори со 30 компании за вкупен обем на инвестиции над 400 милиони евра.
Регистрирано е како што рече и значително покачување во однос на просечниот бројот на вработени, односно постои речиси 50% зголемување во последните 5 години.
„Во моментов во зоните има вкупно 14.230 вработени. Сето ова се податоци кои покажуваат дека домашната економија е веќе опоравена, дека веќе можеме да зборуваме за нови стапки на економски раст“, рече Николова.