Утрински Весник
Македонија

Иако во Тетово најмногу заразени има на веселби на затворено, Комисијата засега нема да воведе забрана

Иако во Тетово најмногу заразени има на веселби на затворено, Комисијата засега нема да воведе забрана

Во Тетово најголем број од новите случаи на заразени со коронавирус се поради непочитување на протоколите за време на семејни веселби во затворен простор, но и покрај тоа Комисијата за заразни болести, на денешниот состанок одлучи да не препорача нови мерки за заштита од коронавирусот.

По состанокот беше заклучено дека мерките би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба, а засега состојбата е стабилна.

Оттука нагласија дека лесно зголемување на позитивни од тестирани за Ковид-19 има во Скопје и Тетово.

„Според анализите во Тетово ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор. И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за Ковид 19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации“, велат од Комисијата за зразни болести.

Министерството за здравство апелира граѓаните да се придржуваат кон препораките за заштита и спречување на ширење на вирусот Ковид 19.

Можете да прочитате

НИ СЕ ВРАЌААТ ЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ: Пред нас многу сонце и значително потопло време!

ЦУК: Гори депонијата во Вардариште

ДУИ објави имиња на кандидати за неколку општини, Фатмир Дехари ќе трча за уште еден градоначалнички мандат во Кичево