Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Џафер си ја отсекол раката со моторна пила, на Клиника успешно му ја реплантираа

Џафер си ја отсекол раката со моторна пила, на Клиника успешно му ја реплантираа
300x250 opst2

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија успешно е направена реплантација на десна подлактица, врз 54 годишниот Џафер Алија, кој пред повеќе од еден месец се повредил со моторна пила.

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово го посети пациентот кој на Клиниката бил примен во тешка состојба.

„Сега пациентот се чуствува добро, неизмерна е неговата радост што десната рака повторно може да ја користи“, рече Филипче.

Ваков вид операција на Клиниката нема направено изминативе триесетина години.

Оваа комплексна интервенција беше изведена од тим на стручни хирурзи и анестезиолози од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија: доц. д-р Софија Пејкова, д-р Бисера Николовска, д-р Гордана Георгиева, Од Универзитетската клиника за кардиохиругија: д-р Мишел Андов, од Универзитетската клиника за трауматологија д-р Игор Мерџановски, од Универзитетската клиника за анестезија реанимација и интензивно лекување д-р Јасна Бушиноска. Тимот беше во постојана комуникација со проф. д-р Оскар Азман, пластичен хирург од Медицинскиот универзитет во Виена и визитинг професор на Медицински факултет во Скопје.

Реплантацијата на горен екстремитет е една од најкомплексните хируршки интервенции која вклучува остеосинтеза на коските, реваскуларизација-анастомиоза на артерии и на вени, реконструкција на нервите и на мускуло-тетивниот апарат и реконструкција на мекоткивната покривка .

Можете да прочитате

Теохаров: Доколку не беше задолжително осигурувањето на автомобилите, ќе бевме сведоци на хаотична ситуација

Филипче од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ убедливо најмногу штета направи на земјоделството и земјоделците

Филипче до Димитриевски: Со подизведувачи на ДПМНЕ и предавници на социјадемократската идеја не дебатирам