Утрински Весник
Свет

Во Австрија присутен колумбискиот вид коронавирус, експертите утврдуваат дали брзo се шири

Во Австрија присутен колумбискиот вид коронавирус, експертите утврдуваат дали  брзo се шири

После делта-сојот на коронавирус, која ја презеде доминацијата во Австрија, сега е докажано присуството и на колумбискиот вид на коронавирусот.

Присуството на колумбискиот вид Б.1.621 беше утврдено во една пречистителна станица во близина на езерото Вертерзе, објавија надлежните органи кои вршат анализа на отпадните води.

Колумбискиот сој се смета за мутација на која му треба внимание и се следи низ целиот свет, бидејќи постои сомневање за побрзо ширење од другите видови на Ковид-19.

Врз основа на податоците за анализа на отпадни води, се претпоставува дека има повеќе лица заразени со колумбискиот вид во тој регион.

Можете да прочитате

Пожари беснеат низ Европа, силни ветрови го отежнуваат гасењето

Иранската полиција привела 21.000 лица за време на 12-дневната војна со Израел

Орбан: Украинците ја загубија војната, Русија победи, единственото прашање е кога Западот ќе го признае тоа