Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

МОН: Учениците и студентите да го продолжат правото на користење стипендија согласно роковите

МОН: Учениците и студентите да го продолжат правото на користење стипендија согласно роковите
Dik 300x250 mk

Министерството за образование и наука упатува апел до сите корисници на некоја од категориите на стипендии за средношколци и за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус, доколку ги исполнуваат условите за продолжување на правото на стипендија, потребните документи да ги достават согласно рокот кој е наведен во потпишаниот договор.

Имено, рокот за продолжување на правото на ученичка стипендија е од 1 до 30 септември 2021 година. Секој корисник на стипендија треба да достави потврда за редовен ученик за учебната 2021/2022 година и копија од последното свидетелство.

Рокот, пак, за продолжување на правото на студентска стипендија е од 1 до 31 октомври 2021 година.

Секој корисник треба да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, како докази дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија.

Документите се доставуваат електронски, со прикачување на соодветната документација на e-uslugi, а доколку ученикот, односно студентот не е во можност да достави електронски, документите се доставуваат преку писарницата на Министерството за образование или по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје или директно во Министерството.

Можете да прочитате

Разрешениот директор Кузмановски од Неврологија ќе плати 500 евра казна, работел без лиценца цели 5 месеци

Левица: Ја срушија куќата на Малески, а една година “не можат” да ја рушат дивоградбата во струшката чаршија!

СДСМ: Нови злоупотреби во ОИК Кратово, трудов инспектор а работи за ДПМНЕ, ДИК да реагира