Утрински Весник
Македонија

Притвор за 30-годишен скопјанец поради недозволено поседување оружје и муниција

Притвор за 30-годишен скопјанец поради недозволено поседување оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 30-годишен скопјанец, за сторено кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Kривичниот законик.

При извршен петрес во помошните простории на домот во која живее осомничениот, на 2 јули 2021 година, овластени службени лица пронашле една автоматска пушка „Застава М70 АВ2“ со калибар 7,62х39 мм, 23 куршуми муниција со калибар 22LR кои се со оловни проектили и еден куршум со калибар 7,62Х39мм.

Пронајденото оружје е одземено од страна на полициските службеници.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

Можете да прочитате

Искри од брусилица предизвикаа пожар – брзата реакција на пожарникарите спречи поголема катастрофа

Уапсен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава

Полицаец заврши во притвор затоа што наместо во буџетот, парите од казни за погрешно паркирање си ги земал за себе