ВМРО-ДПМНЕ го осуди изборот на логото за одбележување 30 годишнината од независноста, коментирајќи дека тоа е сквернавење на државното знаме, а го доведува во прашање и општественото уредување и историскиот континуитет на македонската државност.
„Непостоењето на терминот „Република“ како одредница за општественото уредување и пренебрегнувањето на фактот дека на 8 Септември 1991 година, македонскиот народ гласаше за суверена и независна држава Република Македонија, го прави понуденото решение целосно неприфатливо“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата бара итно и неодложно повлекување и распишување на нов Конкурс со прецизни параметри кои треба да бидат испочитувани при изборот на ново лого.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ прави штета на македонскиот идентитет и државните симболи.