Утрински Весник
Спорт

Четворица сигурно го напуштаат Тотенхем

Четворица сигурно го напуштаат Тотенхем

Новиот тренер на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто, со дозвола на клубот отпишал четворица фудбалери, а неизвесен е и статусот на капитенот Иго Љорис.

Во летниот преоден рок, Тотенхем, добија дозвола да го напуштат: десниот бек Серж Орие, централвниот дефанзивец Девисон Санчез, играчот од средниот ред Муса Сисоко и напаѓачот Ерик Ламела.

Не е позната судбината на голманот Љорис, чии договор трае уште една сезона.

Она што е најважно за Еспирито Санто е фактот што Сон и Хари Кејн, ќе останат во клубот. Иако, Кејн најави дека би можел да замине, тешко дека некој ќе може да издвои најмалку 160 милиони евра.

> Четворица сигурно го напуштаат Тотенхем <

Можете да прочитате

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ

Ајкула, заробена во крајбрежен парк во Јужна Кореја, не сака да си замине, стана вистинска туристичка сензација

Ѓоковиќ ја продолжува серијата – без пораз ја освои титулата во Пекинг