Утрински Весник
Македонија
Img 7972

СДСМ: Како најнеуспешен директор на ЕСМ, Мицкоски треба да молчи на тема енергетика

СДСМ: Како најнеуспешен директор на ЕСМ, Мицкоски треба да молчи на тема енергетика
300x250 opst2

Христијан Мицкоски ќе остане запаметен како најнеуспешен директор на Електрани на Северна Македонија (поранешно ЕЛЕМ) и затоа најдобро му е да молчи на тема енергетика, реагира СДСМ, откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ синоќа го претстави новиот партиски концепт.

„Имаше можност Мицкоски и како директор и како советник за енергетика на Никола Груевски да направи многу на тема енергетика, на тема еколошки и обновливи извори на енергија. Но наместо тоа во негово време беше укината евтината тарифа на струјата, цената на електричната енергија се зголеми за 100 отсто, а државата беше зависна од увоз на скапа електрична енергија. Тоа се „резултатите“ на Мицкоски во енергетиката, затоа денеска никој не верува во неговите ветувања“, велат од СДСМ.

Во реакцијата, владејачката партија наведува и дека денес Мицкоски копира проекти за гасификација на домаќинства, ги копира концептите „Парите назад кај граѓаните“ и “Едно општество за сите“ на СДСМ кога веќе не може да понуди свои оригинални.

 

Можете да прочитате

Избран нов претседател на УСС УКИМ за мандат 2025/2026

Коалиција „Менуваме“: Слепите лица не треба да бидат занемарени, бараме пристап до бел стап, пристапна инфраструктура и квалификувани обучувачи

За девет месеци на ГП „Џепиште“ кај Дебар минале 36 938 патници или девет отсто повеќе споредено со лани