Утрински Весник
Свет

Папата Франциско излезе од болница

Папата Франциско излезе од болница

Папата Франциско (84) денеска ја напушти болницата во Рим, каде беше опериран на дебелото црево пред 11 дена, објавија локалните медиуми.

Фотографите од пред болницата Џемели покажаа два автомобила придружени од безбедносната служба на Ватикан, како доаѓаат на страничниот излез нешто пред 11 часот, откако вработените во болницата ставија инвалидска количка во багажникот на едно од возилата, пренесува „Ројтерс“.

Првиот од двата автомобила имаше затемнети стакла.

На 4 јули, на Папи му беше отстранет дел од дебелото црево. Тој се појави во јавноста за прв пат по операцијата во неделата, стоејќи околу 10 минути за време на говорот од балконот на болничката соба.

Можете да прочитате

Обид за напад со напалм врз украинска фабрика за дронови во Словачка

Разрешениот украински министер за одбрана: Полека ја губиме војната

Израелски пратеник со токмак сруши палестински споменик