Утрински Весник
Свет

(Фото) Шефот на „Астразенека“ си купи нова луксузна куќа во австралискиот Беверли Хилс

(Фото) Шефот на „Астразенека“ си купи нова луксузна куќа во австралискиот Беверли Хилс

Генералниот директор на „Астразенека“ се почести со нова куќа во отмениот кварт Мосман во Сиднеј. Населбата е еден вид австралиски Беверли Хилс, а за куќата платил околу осум милиони долари, пишува австралискиот портал „Домен“.

Паскал Сорио (61) моментално е во Европа, како што неодамна изјави менаџерот на компанијата за односи со јавност, но тоа не ја спречи неговата сопруга оваа недела да ги сместува своите предмети во четирисобната дизајнерска вила, која, меѓу другото, има и голем подрум, домашно кино и теретана.

Платата на директорот на „Астразенека“ изнесува 27,5 милиони долари, па така, како што се очекуваше, тој не мораше да земе кредит за вилата. Иако е напишано многу за тоа како оваа петта по големина фармацевтска компанија во светот му дава многу пари, тој еднаш изјави дека има најниска плата од сите директори во неговата индустрија.

Сорио ја купи новата куќа од инвеститорот во недвижнини Фил Арнолд и неговата сопруга Мишел, а зградата е во нивна сопственост од 2005 година, кога ја купија за 3,95 милиони долари.

Директорот на „Астразенека“ има инаку двојно државјанство – француско и австралиско. Неговите деца и внуци денес живеат во Австралија. Во март оваа година, тој за австралиските медиуми изјави дека силно се залага вакцината да се произведува во Австралија, бидејќи сака да ја обезбеди стратешката независност на таа земја.

„Тоа е моја земја и сакав да се осигурам дека луѓето овде се добро заштитени“, рече тој за магазинот „Ејџ“.

Патем, Сорио е страствен купувач на недвижнини. Уште во 2013 година купи куќа во предградието на Сиднеј, населбата Лавандер, и плати 3,5 милиони долари за тоа. Има три браќа и сите се лекари, а во фармацевтската индустрија е од 1982 година.

Тој всушност ја започна својата кариера студирајќи ветеринарна медицина, а неговата прва работа беше ветеринар за коњи. Тој изјави дека ќе го стореше тоа дури и денес да не беше директор на компанија. Подоцна, во образованието, тој се фокусирал на бизнисот и студирал финансии, не само анатомија.

Работел разни работи во Токио, Америка и Австралија, каде и останал. Своите први чекори во фармацевтската индустрија ги направи во „Санофи“, Франција, каде беше шеф на американскиот пазар.

Многумина го нарекуваат човекот што ја спаси „Астразенека“ – компанијата некогаш сакаше да ја купи „Фајзер“, но Сорио остро се спротивстави.

Тој е голем обожавател на Грета Тунберг и работи на тоа да се осигура дека „Астразенека“ не остава никаков отпечаток на јаглерод.

Можете да прочитате

Се укинуваат ли правилата за течности и давачките за багаж во ЕУ? Не така скоро

Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан

Израел планира мобилизација на 100.000 резервисти за офанзива во Газа