Утрински Весник
Спорт

Челси понудиле 175 милиони евра за Халанд

Челси понудиле 175 милиони евра за Халанд

Роман Абрамович, сопственикот на Челси, дал „зелено светло“ за реализација на трансферот на Ерлинг Халанд. Од „Стенфорд Бриџ“, за Норвежанецот, на Борусија Дортмунд и понудиле 175 милиони евра.

Доколку трансферот биде реализиран, тој ќе биде третиот најголем во историјата на фудбалот, по Нејмар (222) и Мбпае (180).

Интересно, наредното лето, Халанд има клаузула во договорот која му овозможува да го напушти клубот за 75 милиони евра. Челси немаат намера да чекаат, знаат дека наредното лето конкуренцијата ќе биде голема, поради што понудила 175 милиони евра.

Некои медиуми тврдат дека менаџерот на Халанд, Мино Рајола, веќе се наоѓа во Лондон каде ја договора плата на својот клиент.

> Челси понудиле 175 милиони евра за Халанд <

Можете да прочитате

Евролига со високи казни за белградските екипи

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар