Утрински Весник
Спорт

Рашфорд: Никому нема да се извинувам!

Рашфорд: Никому нема да се извинувам!

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, Маркус Рашфорд е еден од тројцата трагичари во таборот на „Гордиот Албион“ по синоќешното финале на „Вембли“. Рашфорд, исто како и Санчо, односно Сака го промаши пеналот против Донарума (топката заврши во стативата).

„Се чувствувам како сите да сум ги изневерил. Можам секогаш да прифатам критика – дека мојот пенал беше лош, дека требаше да сум попрецизен, но нема да се извинувам за она што сум и за тоа од каде потекнувам. Никогаш не сум се чувствувал погордо од моментите кога го носам дресот на англиската репрезентација, додека моето семејство ме поддржуваше заедно со илјадници навивачи“ напиша Рашфорд меѓудругото на социјалните мрежи.

Дури и неговиот мурал во родниот град Витингтон бил вандализиран по неговото промашување против Италија.

„Цел живот ме критикуваат – дали е тоа поради бојата на кожата или, во последно време, како одбирам да го поминам своето време додека не сум на теренот. Јас сум Маркус Рашфорд. Имам 23 години и роден сум во Витингтон – јужен Манчестер. Немам ништо друго освен тоа. Благодарам на сите за убавите пораки на поддршка. Ќе се вратам посилен. Ќе се вратиме посилни“ напиша фудбалерот.

> Рашфорд: Никому нема да се извинувам! <

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ