Голманот на репрезентацијата на Италија, Џанлуиџи Донарума е прогласен за најдобар фудбалер на ЕУРО 2020. Тој беше јунакот во пенал серијата против Англија.
„Мислев дека е готово“ рече Донарума за моментот кога Жоржињо промаши од белата точка.
Пикфорд го одбрани ударот на играчот на Челси и Донарума мораше повторно да застане меѓу стативите.
„Веќе бев на земја, но морав да продолжам, да одбранам уште еден“ вели 22-годишниот чувар на мрежата на ПСЖ, во новата сезона.
На прашањето што помисли кога Жоржињо го промаши пеналот, капитенот на „Азурите“ – Џорџо Кјелини вели:
„Па ние го имаме Џигоне“.
Иако толку млад, Донарума веќе одгра 215 натпревари во Серија А, а финалето на ЕП за него беше 31. меч во италијанскиот дрес.
„Ова е остварување на неверојатен сон. Што да кажам, испишавме историја, а тоа и го заслуживме, затоа што сме голем тим“ вели Џиџи Донарума.
А пред само 3 години Италија не успеа да се пласира на Мундијалот во Русија. Тогаш на клупата дојде Роберто Манчини.
„Сите знаеме каде бевме на почетокот. Малку кој веруваше во нас, а сега славиме титула. Брзиот гол на Шо можеше да не убие, но ние никогаш не се откажуваме“ вели тој.
> „Кога промаши Жоржињо, си реков – па ние го имаме Џигоне“ <